„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ утре пак на протести, Скопје одново блокирано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

ВМРО-ДПМНЕ утре со почеток во 19 часот ќе одржи протестен марш кој ќе почне од плоштад ВМРО, а ќе заврши пред Владата. За тоа време, центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај.

— реклама —

„Република Македонија е обвиткана со црнила од власта предводена од СДСМ. Црн воздух, црна економија, црно здравство, црно образование, зацрнето земјоделие, црна и оцрнета држава. Два месеци веќе Скопје е најзагаден град во Европа и меѓу десетте најзагадени во светот, граѓаните со месеци не смеат да излезат од своите домови, а болниците ширум државата секојдневно се полни со десеттици се граѓани со срцеви и белодро ни проблеми. Ветија решавање, а две години не понудија ниту едно решение“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата за која ветуваа минимум 5% годишен раст, додаваат од таму, две години е на нула, платите се ниски, а трошоците за живот секојдневно се зголемуваат. Со секој нов ден со оваа однародена власт граѓаните се се посиромашни.

— реклама —

„Ветуваа бесплатно болничко лекување за сите, 100.000 денари плата за лекарите, подобро здравство, две години откако ветија, ништо не остварија. Наместо проекти и мерки им ја покачија цената на паркинг просторот на лекарите во клинички. Образованието кое СДСМ се фалеше дека ќе го реформира брутално мипулирајќи илјадници млади е најголемата жртва на оваа власт. Две години откако ветуваа студентски град, ниту еден студентски дом не е поправен, а за градба не станува ни збор. Нема инвестиции ниту во основното, ниту во средното, ниту во високото образование. Младите се изневерени, наместо да ги вратат тие за кои тврдеа дека се иселени, го забрзаа трендот на иселување и сега гледаме цели градови како се празнат и остануваат без млади“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања