Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ: Вчера падна Зоран Заев, а на 12 април заминува и целото криминогено раководство на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Вчера падна Зоран Заев, а на 12 април заминува и целото криминогено раководство на СДСМ.

Ова е почеток на крајот на политичката кариера на Зоран Заев кој на сопствениот народ и сопствената држава им донесе само порази и срам во изминатите три години. Завршува тажната политичка кариера која аболицираниот Заев по секоја цена се обидуваше да ја продолжи, на сметка на државните и националните интереси, на сметка на својот народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Заев привремено го замени негов слуга, најнеуспешниот министер за внатрешни работи во независна Македонија, Оливер Спасовски. Човек пред чии очи се случија десетици убиства, престрелки и запалени автомобили, а тој наместо да го гони криминалот се стави во одбрана на истиот.

Криминално рекетарската банда на чие чело е аболицираниот Заев набрзо ќе замине на темната страна на македонската историја. 12 април е денот кога секој еден граѓани кој се почувствува заборавен од оваа власт, ќе излезе на гласачкото место и ќе го потсети Зоран Заев на сите неисполнети ветување и нереализирани очекувања.

— реклама —

На 12 април граѓаните ќе го потсетат Заев на ветената плата од 500-тини евра, на 500-те километри автопат, на ветувањето за чист воздух, враќањето на иселените млади назад во Македонија и целиот оној памфлет кој СДСМ го нарече програма „За живот во Македонија“.

Доаѓа време на чесни и принципиелни политичари во Македонија чиј збор има вредност и тежина. Македонија заслужува подобро. Македонските граѓани заслужуваат да живеат во просперитетна држава и во неа да ја планираат својата иднина. Следува обновата на Македонија,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања