Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО-ДПМНЕ веќе гласало за Армијата да биде на Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski-pratenici-vmro-dpmne-1

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со двојни аршини во Собранието, продава патриотизам на граѓаните. Вака стручната јавност ги коментира одлуките на опозициските пратеници да не гласаат за одредени закони кои треба итно да се донесат. Во собраниските кулари, пак, сметаат дека станува збор за лицемерие, а поради тоа, денеска ќе биде долг последен ден од работата, за овој собраниски состав.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ ГЛАСАШЕ ЗА АРМИЈА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Наместо да се донесе Законот за одбрана, кој е важен за ускладување со европското право, а посебно за НАТО, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тактизираат и одбиваат да го стиснат зеленото копче во пленарната сала. Се правдаат дека нема да дозволат „Армијата на Република Македонија“ да се именува како „Армија на Северна Република Македонија“. И тоа не е спорно, доколку, пратениците во блиското минато, веќе не гласале за Армијата да стане „северна“.

— реклама —

Во Законот за служба на Армијата во Република Македонија, уште на самиот почеток на текстот во член 1 јасно стои „Во Законот за служба на Армијата на Репулбика Македонија во насловот зборовите 'Република Македонија' се заменуваат со зборовите 'Република Северна Македонија'“. Попросто кажано, ВМРО-ДПМНЕ веќе гласало за „Армија на Северна Македонија“, а за тоа сведочат и стенограмите.

Се отвора прашањето, зошто ВМРО-ДПМНЕ глуми патриотизам и наводно не сака да го донесе Законот за одбрана поради преименувањето на „Армија на Северна Македнија“, кога тие веќе гласале за вакво решение.

КОЈ ГО ДАДЕ ГЛАСОТ ЗА „АРМИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“?

Најголемите патриоти со она нивното „името не го даваме“ (а кои го дадоа стоејќи покрај ѕид), гласале за Законот за служба во Армијата, со која таа така „северна“. Стенограмите водени од собраниските служби покажуваат дека Дафина Стојанска, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, Слаѓана Митровска, Жаклина Пешевска, Владимир Ѓорчев, Иван Иванов се само дел од оние кои стиснале на зеленото копче.

ЗОШТО?

На ова прашање, ќе треба да одговорат тие. Сепак, јавноста коментира дека станува збор за намерно блокирање, за остварување на партиски цели. Но, останува ВМРО-ДПМНЕ и пратениците сами да кажат, без да излажат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања