Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Веќе нема дилеми кој е главата на октопод и во чии раце изминативе три години се наоѓаше  македонскиот правосуден систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

Веќе нема дилеми кој е главата на октопод и во чии раце изминативе три години се наоѓаше  македонскиот правосуден систем. Нема дилеми дека Зоран Заев беше и премиер, обвинител и Врховен судија кој одлучуваше за притвори, предмети, затворски казни и ослободителни пресуди за криминалци, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Политичкиот прогон изминатите три години се спроведуваше по директива на Зоран Заев. Луѓе се апсеа во 5 часот наутро пред нивните фамилии. Уценувани и рекетирани беа политичари, пратеници и бизнисмени по наредба на еден човек, Зоран Заев.

Зоран Заев е на чело рекетарската банда која 3 години ја пустошеше македонската држава.

— реклама —

Сега веќе е јасно зошто Боро Марлборо беше ослободен по само три месеци затвор. Јасно е зошто Зоран Заев беше ослободен за случајот „Поткуп“ иако цела македонска јавност го виде како зема мито од 200 илјади евра. Јасно е зошто монтираните процеси за оние кои се спротивставија на бандата завршуваа експресно со осудителни пресуди, а зошто за оние кои станаа дел од криминалното здружување на чело со Заев добиваа ослободителни пресуди и рочишта кои нон стоп се одложуваат.

Крајот е близу се ближи 12 април, сите до еден ќе одговараат.

Зоран Заев е главата на октоподот. И главниот сатрап на судството. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија

Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Денес Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела, се вели во соопштенито од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања