„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Вчера почина девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција.Во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија. Епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема.Раководењето на Филипче со министерството за здравство создаде невиден хаос, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните. Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите.

Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.

— реклама —

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места.

И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.

Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го осакатува здравството.

За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните.

Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт. Време е за оставки. Време е за казна на претстојните избори, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања