Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Ветувањето за повисоки плати во образованието се покажа само како уште една ноторна лага на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skolo-4

Македонското образование тоне поради неспособноста и неработата на криминалната банда на власт. Оваа школска година не започна на време поради штрајкот на просветните работници кои ги бараат заслужените повисоки плати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Ветувањето за повисоки плати во образованието се покажа само како уште една ноторна лага на СДСМ.Учениците првиот школски ден не го поминаа на училиште туку дома, а кога тргнаа на училиште беа пречекани од стари и искинати учебници кои оваа власт не ги замени со нови. Поголемиот дел од училиштата ширум државата се руинирани. Учениците го стекнуваат образованието во катастрофални услови, тоалетите не работат, крововите прокиснуваат, нема ниту греење во зимските денови, ниту ладење кога температурите се високи.

— реклама —

Криминалната банда на власт на чело со аболицираниот Заев ги излажа граѓаните. Во програмата за живот ветуваа за 50 проценти повисоки средства за образованието и науката, а секоја година со секој нов ребаланс ги кратат средствата наменети за образование.

— реклама —

Власта не само што нема капацитет да го реализира планираниот буџет за образование, туку и она малку што е определено за оваа ставка во буџетот го крати.

— реклама —

Младите се иднината, а криминалната банда со ваквата негрижа, неработа и неспособност ги демотивира младите кои во се поголем број носат одлука да ја напуштат државата. Тоа значи дека власта не само што ги уништува стандардите во образованието, таа ја уништува и се откажува од иднината на нашата држава.

Казната за ова ќе стигне на следните избори, а ќе биде испорачана од македонските граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања