Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Ви посакуваме многу радост, мир, спокој и здравје на вас и на вашите најближни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
veligdenski-jajca

ВМРО-ДПМНЕ на сите православни верници во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден. Во честитката се вели:

Ви посакуваме многу радост, мир, спокој и здравје на вас и на вашите најближни.

— реклама —

Велигден е најголемиот христијански празник, денот кога Господ бог Исус Христос ја победи смртта и ја врати надежта назад кај луѓето.

Христовото Воскресение на сите нам ни подари вечен живот, за ние животот да го славиме со чиста душа и добра мисла и што е најважно да си помагаме еден со друг.

— реклама —

На овој голем ден учењето Христово нека ни биде ѕвезда водилка за да ги поминеме овие тешки моменти во кои се наоѓа нашата држава, но и целиот свет. Само со вербата во бога, љубов кон човекот, обединетост и сплотеност можеме да се изидгнеме пред искушенијата кои се пред нас.

Религијата и вредностите кои таа ни ги носат ни даваат сила да продолжиме понатаму и се најголемото богатсво која еден народ со вековна традиција може да ја има.

Уште еднаш Ви го честитаме најголемиот христијански празник Велигден. Христос Воскресе - Навистина Воскресе!

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања