Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата, и кој ќе понесе одговорност?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vlada-sednica

Владата да каже колку изнесуваат загубите од откажувањето од еврообврзницата, и кој ќе понесе одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Владата треба да плати провизии на 4 меѓународни финансиски институции кои го воделе процесот за издавање на обврзницата, тоа е обврска на власта, и тоа се пари кои сега се плаќаат без основ.

Ковачевски заради аматерскиот пристап кон процесот за издавање на еврообврзницата ја оштети државата за милиони кои треба да бидат платени на име провизии, а потоа го наруши и кредитната репутација на државата.

— реклама —

Која сериозна финансиска институција ќе сака да позајми пари на држава која откажува издавање на обврзница, заради политичка нестабилност во владата? И доколку позајми, каматите ќе бидат поголеми.

— реклама —

Лошата репутација која ја предизвика Ковачевски ќе ја следи Македонија подолг период, и потребно е време и сериозен пристап за да се исправи сликата за државата.

Нема поле на кое Ковачевски и СДС не ја посрамотија Македонија.

— реклама —

Потребни се промени на власта, за ваквите бламирања на државата да не продолжат да бидат пракса и во иднина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања