Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС и Меџити седум години не можат да ја ревидираат позитивната листа на лекови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

„Поради неспособноста и негрижата на владата на СДС и министерот Фатмир Меџити, седум години граѓаните чекаат да добијат ревидирана позитивна листа на лекови. Сите досегашни министри за здравство во владата СДС најавуваат дека граѓаните ќе добијат ревидирана позитивна листа, но тоа ветување и до ден денешен не е исполнето. Пациентите немаат лекови да се лечат, а и тие што се на позитивната листа ги нема или граѓаните ги набавуваат од Косово и Србија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Има пациенти кои немаат достапна терапија на позитивната листа а болеста без соодветен третман може само да им напредува. Болните граѓани добиваат стара терапија а за повеќето дијагнози треба по неколку лекови наместо едно апче со повеќе компоненти.

— реклама —

Граѓаните молат за лекови и наместо лекови да бараат во други држави, државата и Меџити имааат обврска да им го обезбедат и за тоа наместо да плаќаат огромни суми, истиот да го добијат бесплатно или по минимална цена“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Министерот Меџити наместо да ветува бесплатно здравство за граѓаните од Косово, веднаш да обезбеди лекови за македонските граѓани. Уште колку време им е потребно на Меџити и владата на СДС да ја ревидираат позитивната листа?

Седум години не можат да променат една листа, а камо ли пак да го подобрат здравствениот систем и здравствената заштита на пациентите.

— реклама —

Уште колку пациенти треба да умрат за Меџити и владата на СДС да се свестат дека потребно е итно ревидирање на позитивната листа и обезбедување на потребните лекови“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДС го уништи здравствениот систем. Потребен е целосен ресет на македонското здравство. Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде токму тоа, подобрување на здравството и целосен рестарт“, се додава во соопштението на опозициската партија.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања