Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС парите на граѓаните ги троши расипнички на софтверски лиценци, наместо да инвестира во лекови, болници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


„Владата на СДС и ДУИ, како за сите скандали досега, така и за овој поврзан со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски не дава одговор. Владата на СДС и ДУИ не дава одговор на многу јасни прашања. Зошто се исплаќаат 40 милиони евра за софтверски лиценци на фирма избор на Рашковски“, извести ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —


„Зошто по три години продолжуваат да плаќаат на фирмата избрана од Рашковски иако истата услуга пред три години била 15, а сега 25 милиони евра?

— реклама —


Владата на СДС и ДУИ очигледно крие можен криминал.

— реклама —

Во меѓувреме, укажавме дека со парите за изборот на фирма за лиценци ќе се направеше нова клиника, ќе се обезбедеа пари за лекот Трикафта за стотината болни од цистична фиброза. За потсетување на критичните осум пациенти Владата одобри 2,2 милиони евра за Трикафта.


Практично со овие 40 милиони евра кои Владата сега ги дава на фирма која е избор на Рашковски, би можела да набави Трикафта за болните од цистична фиброза во Македонија.

— реклама —

СДС ја прави Македонија држава на скандали, држава во која граѓаните немаат доверба во здравството, правосудството! Граѓаните на избори ќе стават крај на ваквите политики!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања