ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ пак ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

Македонската економија е пред колапс, а граѓаните се на работ на егзистенцијата. Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев неконтролирано ја задолжува државата и ги води граѓаните на Македонија кон должничко ропство. Вчера владата на СДСМ повторно ги задолжи граѓаните за нови 45 милиони евра. СДСМ ветуваше дека ќе го намали државниот долг, но откако е на власт јавниот долг ја премина границата од 5 милијарди евра, додека државниот долг ја помина границата од 4 милијарди евра. И ова ветување како и другите ветувања на СДСМ се утврди дека е уште една шарена лага, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според партијата, додека црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев неконтролирано ги задолжува граѓаните, реализацијата на капиталните проекти е на очајно ниво. За првите осум месеци од годинава изнесува срамни 23,33 проценти. Нема нови проекти, а реализацијата на оние проекти кои се наследени од ВМРО-ДПМНЕ е стопирана. Криминалните грантови и тендери доделени на високи партиски и државни функционери ѝ открија на јавноста за што се трошат милионите од задолжувањето на државата.

,,Додека платите и пензиите стагнираат, трошоците за живот на граѓаните од ден во ден се сè поголеми. Цените на нафтата вртоглаво растат како резултат на зголемената акциза на нафтата, а дополнителните буџетски средства собрани директно од џебот на граѓаните СДСМ ги потроши за скапата пропаганда за капитулантскиот договор за промена на името.

— реклама —

Паралелно со финансискиот грабеж што  го спроведува СДСМ, Заев се обидува да истурка и досега невиден во светот идентитетски грабеж, формално-правно олицетворен во капитулантскиот договор од Преспа. Заев, свесен дека неговата политичка кариера е завршена, почна со распродажбата на националните и државните интереси. Се обиде на македонскиот народ да му ги одземе името, јазикот, историјата, идентитетот, но не успеа. Граѓаните кажаа не на неговите политики, не на криминалот, не на капитулантскиот договор со Грција. 1.2 милиони граѓани во еден глас кажаа Македонија ќе победи”, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања