Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro_dpmne

Владата во заминување се обидува на криминален начин да испумпа пари од државата.

Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“, со кој што на човек фирма, формирана 24 дена пред објавување на јавниот повик, треба да и се платат огромни 72 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Рашковски и измамникот Заев ги кријат деталите од договорот и ја лажат јавноста дека фирмата влегува во бизнис во Македонија во јавно приватно партнерство без никаков бенефит од државата. Ги нема да одговорат на прашања кои кружат во јавноста:

Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години?

Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект?

— реклама —

Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата?

Дури кружат гласини дека и на мислењата од институциите им се става степен на класификација за истите да се сокријат од јавноста.

— реклама —

Нетранспарентноста на владата и одвивањето да одговори уште повеќе отвора сомнеж кај јавноста дека е на повидок нов криминал тежок дури 72 милиони евра.

Со 72 милиони евра колку што Заев ќе даде за 8 години може да се купат 15 најсовремени хеликоптери за медицинска итна помош или повеќе од 1.500 најсовремени амбулантни возила.

Време е да се стави крај на криминално рекетарската банда на Заев која си игра со државата и парите на граѓаните.

— реклама —

Крајот на оваа криминална влада се ближи, на 12-ти април ќе дојде обнова на Република Македонија. Денот кога сите функционери кои се огрешиле пред законот и ја имаат злоупотребено својата функција ќе одговараат пред закон, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања