Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО ДПМНЕ: Власта на Заев со специјалци тепа луѓе на карневал, кои го исмеваат лошото владеење на СДСM

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
vevani

Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ.  Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и на Заев е нула. Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Под наредба на Заев денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаше, апсеше и малтретираше граѓаните кои учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица.

— реклама —

Тоа што не успеале разни поробувачи, во окупации и во комунизмот му успеа на Зоран Заев, да го прекине канревалот со ќотек и апсења.

Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци.

За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира.

Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев. За се следува казна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања