„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 7 милијарди буџет, а не презема ништо против загадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Македонија се гуши во смог. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички во текот на ноќта во градовите низ државата изнесуваше и до десет пати над дозволеното, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Заев ја зацрни државата. Ветуваше почист воздух откако ќе ја преземе власта, за две години потоа тој и неговите министри и градоначалници да спијат во собраниските клупи, играат игри на телефон, но и да даваат изјави дека не ги интересираат граѓаните.

Потрошија 7 милијарди буџет, а не преземаа ништо против загадувањето. Две години од животот на граѓаните поминаа, а власта не спроведе ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот“, велат од партијата.

— реклама —

Оттаму додаваат дека, наместо решенија се вадат на излитени фрази дека не е можно решение веднаш, сосема спротивно на она што го говореа од опозиција.

„И додека власта не презема ништо, болниците низ државата се полнат со пациенти со срцеви и белодробни проблеми, настанати како последица на загадувањето.

Граѓаните се директна жртва на негрижата на власта. Ова не смее да продолжи потребни се итни мерки кои ќе го намалат задувањето. Потребно е итно и забрзано отпочнување на проектот гасификација ма целата територија на државата.

Граѓаните имаат право на чист воздух, а тоа е обврска за власта.

СДСМ нема веќе простор за поправање. Со секој поминат ден со оваа власт, штетите по државата се се поголеми. Токму затоа СДСМ мора да си замине. Црнилото мора да биде победено! Зората ќе изгрее за Македонија“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања