Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Во Чешиново Облешево се работи на локална инфраструктура, чистење на диви депонии и подобри услови за млади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryk9bg46ospo8339z0mxX

Во Општина Чешиново-Облешево во изминатиот период се реализираат активности насочени кон подобрување на локалната инфраструктура, условите за семејствата и можностите за младите и најмладите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Како мерки за поддршка на семејствата, секое прваче добива финансиска помош од 3.000 денари, додека за секое првородено дете се обезбедуваат по 6.000 денари. Младите брачни парови се ослободени и од комунални трошоци за изградба на дом.

— реклама —

Во делот на инфраструктурата реконструирани се улиците „Сремска“, „Јоаким Крчовски“, крак од улицата „Први мај“ и „Осоговска“. Во завршна фаза се и улиците „Маршал Тито“ и „Прохор Пчински“.

Во Облешево се проширува детската градинка со цел зголемување на нејзините капацитети. Изграден е и нов парк со детски реквизити, а реконструиран е спортскиот терен во ООУ „Страшо Пинџур“ во Соколарци.

— реклама —

Општината презела активности и за подобрување на животната средина. Исчистени се диви депонии, а планирана е набавка на мулчер и нова компресорска цистерна.

Формиран е и Земјоделски совет, кој треба да работи на изнаоѓање решенија за проблемите на земјоделците, како и на подобрување на комуникацијата и поддршката за земјоделскиот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Ценовен удар и мигранти ниту имало ниту ќе има, тоа што има е дебакл на СДС како последниот во Брвеница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 14 часа

— реклама —
media-library7ucv8401fm8a7n8VVRD

Радичевски: Со јасна визија и конкретни проекти ја развиваме Брвеница

Македонија | пред 6 дена

k15

„Процентуалниот раст на нето-платата во првите две години на ВМРО-ДПМНЕ е за 75% повисок отколку во времето на СДС и ДУИ“, вели Стојаноски

Македонија | пред 1 седмица

media-librarybuoeusngf2o03ZPuNm1

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за медицинскиот извештај за Ива Михаилова

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања