Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Во една нормална држава, човек кој договарал тендери, кој навредил граѓани и кој упатил навреда кон држава пријател, ќе беше експресно сменет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
vmro-1

Со Република Македонија раководи криминална банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Од ден во ден се зголемува бројот на корупциски скандали во кои се вмешани високи претставници на оваа криминална влада, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Буџетот на Република Македонија, народните пари служат за исплата на криминални тендери и грантови, за партиски и непотистички вработувања.

— реклама —

Државните и национални интереси претставуваат монета за поткусурување, начин на кои Зоран Заев ќе остане на власт и ќе ги исплаќа концесиите кон своите доверители.

— реклама —

По кој знае кој пат се покажа дека функционерите на оваа криминална влада не работат во интерес на граѓаните, туку за свое лично богатење и остварување на теснопартиски интереси на штета на граѓаните.

— реклама —

Во една нормална држава, човек кој договарал тендери, висок владин претставник кој навредил голем број граѓани на државата која ја претставува, и кој упатил класична навреда кон држава пријател, ќе беше експресно сменет.

Само во Македонија на Зоран Заев, Драги Рашковски и натаму може да остане недопирлив. Само во држава со која владее криминална влада овој човек може се уште да биде висок државен функционер.

Неговата недопирливост, овозможена од Рускоска обвинителство и Кацарска судството му дава за право уште и да се заканува на новинари.

Кочо Анѓушев работи само за себе и за своите бизниси. Меѓународната еколошка организација Бенквоч го посочи Анѓушев дека влијаел во донесување на закони со цел да може да гради мали хидроцентрали.

Криминалната банда на власт ќе одговара за стореното. Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара за своите поставки, но ќе одговараат и оние кои сега го аминуваат криминалот на власта. Во Македонија ќе се врати правдата, ќе се врати денот кога Зоран Заев и неговите пајташи ќе заминат во политичка пензија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања