Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

ВМРО-ДПМНЕ: Во Македонија, со СДС и ДУИ се губат животи во болница како во војна, оставка на Меџити веднаш

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Во Македонија со СДС и ДУИ се губат животи во болница, како на бојно поле во војна, и никој од власта не сноси одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Последниот немил настан со смртта на новороденче од Прилеп во Клиниката во Скопје за жал е аларм за власта која во наместо да се труди да пружи подобри здравствени услуги на пациентите бара начини како да испумпа милиони евра преку системот за јавни набавки на клиниките.

— реклама —

Одговорност за смртта на бебето од Прилеп мора да има, и таа не смее да се сведе на некој кабел, пинцета или епрувета. Одговорноста мора да биде директна на надлежните во болниците каде е породено и лекувано бебето, но и политичка на министерот за здравство.

— реклама —

Според родителите на детето. Мајката на бебето немала никаква бактерија и требало да се породи со царски рез. Сите испитувања биле добри. А докторите одлучиле сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породат по природен пат“, се посочува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.


Одговорноста, додаваат од оваа партија, мора да се персонализира, како кривична така и политичка.


Не може, како што велат, министерот за здравство да се занимава со се, освен со тоа што реално му е работа – грижа за пружање квалитетни здравствени услуги на населението.


„Одговорност веднаш, и кривична и политичка. Единствена добра работа која може Меџити да ја направи е да си даде оставка веднаш“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања