Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Во општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект, ниту изведен, ниту во намера да се изведе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
rostuse

Добар ден се наоѓаме во село Ростуше, општина Маврово Ростуше. Една од најубавите општини во западна Македонија, но за жал полни две години е заборавена од локалната власт а веќе трета година како што ја нема на мапата на економијата и крупните инфрапроекти на владата на Република Македонија, истакна Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ.

Во општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект, ниту изведен, ниту во намера да се изведе. Со ребалансот на буџетот за 2019 година ниту еден капитален проект, ниту едно планирано реновирано училиште или нова градинка, или спортски објект, или рестарвација на некој од патиштата кои што се горливи проблеми за жителите на овој крај.

— реклама —

За ребалансот на буџетот јас и колегата Горан Манојлоски поднесовме мноштво на амандмани меѓу кои имаше и такви кои што се однесуваа на овој крај. Но, ниту еден не беше прифатен. Годината 2019 оваа влада ја нарече како година на економијата, но за жал ова е година во која што владее рекет., царуваат криминалот и корупцијата, а во здравството и образованието веќе трета година владее насилство и не се знае кој врз кого врши насилство а на улиците се повеќе излегуваат народ од земјоделци, од учители, од културни работници, полиција и армија. Тоа е она што оваа влада навистина не го вети а го реализираше. Додека се што таа стави на хартија барем досега а им останува само уште една година на владеење ништо нема реализирано.

— реклама —

Затоа е време оваа влада што побрзо да си замине и да се испрати на местото која што самата и го заслужи.

— реклама —

Денес со жителите на Маврово и Ростуше ќе ги споделиме нивните проблеми, истите ќе ги нотираме и во наредниот период за нив ќе најдеме решенија, кои што ќе бидат дел од идната предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што на Македонија и треба обнова на општина Маврово и Ростуше. Таа обнова дефинитивно ќе  ја добијат само со ВМРО-ДПМНЕ и со луѓе кои што се грижат и кои што се заинтересирани со сите краишта подеднакво во Република Македонија, истакна Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања