Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ во Скопје за 44% ги намали парите за борба против загадениот воздух, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
skopje-zagaden-vozduh-magla-3

Скопјани дишат енормно загаден воздух а локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги намали средствата за заштита на животната средина во Скопје за дури 44 %, вели СДСМ

— реклама —

„Во 2022 година во буџетот на Скопје беа предвидени 88 милиони денари. Оваа година ВМРО-ДПМНЕ ги намали паритена само 49 милиони денари.

— реклама —

Таков буџетот на Град Скопје со аплауз го изгласаа советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

— реклама —

Ваквото намалување на средствата е сериозен удар врз капацитетите коишто се борат против загрозувањето на животната средина.

Измина една година откако локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заедно со Левица и нивната градоначалничка Арсовска.

Ги нема мерките кои за време на изборите ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа. Ги нема ниту 100 електрични автобуси кои Мицкоски ги ветуваше.

Буквално една година е потрошена на кавги за тендери и провизии, а за загадениот воздух локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не направи ништо“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања