Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го поднесе законот за укинување на пописот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Popis_2021

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието го поднесе законот за престанување на важењето на законот за попис со што бараат да се прекине статистичката операција.

Операцијата „Попис“ од ден на ден станува се посериозна и посомнителна.Сите факти и аргументи ни говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен и фингиран попис.

— реклама —

Од тие причини, како Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно кажуваме дека нема да бидеме нем набљудувач на овој крајно несериозен политички процес и затоа денес во Собранието на Република Македонија поднесовме Предлог на закон за престанување на важење на Законот за попис, по итна постапка, истакна Иванка Василевска, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Василеска додаде дека на ова самоволие мора да му застанеме на патот и да не дозволиме криминален и насилнички попис.

— реклама —

Оваа лакрдија што ни се случува во врска со пописот, ја најавувавме и предвидовме уште од самиот почеток. Но самобендисаната власт на чело со Зоран Заев, воопшто не сакаше да разговара и дебатира на оваа тема.

Од редовна и статистичка операција, неспособноста на Зоран Заев и владата овој попис го претвори во политичка операција и пазарење, додворување и враќање на коалициски долгови, истакна Василевска и додаде:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот старт укажуваше на многубројните недостатоци и аномалии на Законот за попис и од тие причини поднесовме околу триесетина суштински амандмани кои имаа за цел да го подобрат текстот на законот, но власта предводена од Зоран Заев не прифати ниту еден амандман.

Секојдневно и на секој начин укажувавме дека овој попис, предвиден и договорен како што замислува СДСМ и Заев, нема да биде релевантен и нема да даде точни и релевантни податоци, туку само дополнително ќе ги доведе Република Македонија и нејзините граѓани во заблуда.

Нашите издржани забелешки и секојдневни укажувања за недостатоците и аномалиите на овој закон беа и се’уште се, и тоа:

• злоупотреба на европското знаменце и европските вредности и скратената можност за стручна и опширна дебата,

• недостиг на консензус од сите политички партии,

• проблематична и недоречена методологија за спроведување на пописот,

• нефункционален и небезбеден систем за електронска евиденција на дијаспората, и

• погрешен тајминг за одржување на пописот, иако многу европски земји поради КОВИД кризата го одложија пописот за една година.

Но и покрај овие издржани аргументи, власта и Зоран Заев никако не отстапуваат од политичкиот договор и намерата по секоја цена да се одржи пописот.

Нашата легитимна борба против одржување на ваков сомнителен и фингиран попис, го препознаа и огромен број на граѓани. За само неколку дена над 100 илјади граѓани, со име и презиме, јасно и гласно го кажаа своето мислење и недоверба и рекоа големо „НЕ“ за ваков попис, истакна Василевска.

фото: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања