Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ВМРО-ДПМНЕ врати: Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-01-at-11.20.55

„Буџетот на градот е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика, ребалансот е изгласан така како што Арсовска сакаше“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

Не се вистина тврдењата дека буџетот е блокиран поради ВМРО-ДПМНЕ, туку тој е блокиран поради неспособноста на Арсовска и желбата да прави политика дури и од носење на ребаланс.

— реклама —

Ребалансот е изгласан така како што беше предложен од Арсовска и градот Скопје дополнет со амандмани предложени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за помош на ФК Вардар, за субвенции за социјално ранливи категории, за други инфраструктурни проекти. Ставките од кои се црпеа овие средства се истите кои беа ставени на увид од градот Скопје.

Арсовска е должна да каже зошто е потрошено повеќе средства од тоа што е прикажано, и зошто не ја прифати отворената понуда на поранешниот министер за финансии и актуелен претседател на Совет Трајко Славески да се состави амандман со кој ќе се изнајдат средствата кои се потребни за исполнување на амандманите.

Арсовска свесно го доведе градот во ситуација на блокада за да потоа го обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да политизира нека се стави над ситуација и нека почне да решава проблеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања