Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

ВМРО ДПМНЕ: Времето на Зоран Заев заврши, дојде крајот на поразите и срамот на кои овој човек е олицетворение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Македонија и македонскиот народ не заслужуваат веќе таков криминоген лик и патолошки измамник да ја води земјата и да се бави со политика. На криминалците им е местото зад решетки, а не во Влада или во Собрание. Зоран Заев конечно поднесува оставка и заминува од местото кое го узурпираше без да победи на избори. Зоран Заев конечно заминува од позицијата од која и нанесе огромни штети на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Три години Македонија е жртва на криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев. Македонските граѓани никогаш повторно не смее да бидат жртви на криминалот, корупција, неработата и неспособноста.

Единствен успех на Заев во овие три години е тоа што преку своите слуги во судството успеа да си обезбеди амнестија и за барањето поткуп „Евро за црквата - евро за Вице”.

— реклама —

МВР го претвори во партиска испостава на СДСМ. Речиси и да немаше ден кога по улиците ширум државата немаше престрелка или запалено возило, а неговиот послушник Спасовски наместо граѓаните ги штитеше криминалците.

Економијата го допре дното. Тоа го потврдија и странските и домашните бизнисмени. Реализацијата на капиталните инвестиции беше очајна, а дури 500 илјади граѓани го поминуваа денот со еден оброк. Овие луѓе беа заборавени од власта.

— реклама —

Македонското образование беше клекнато на колена и се најде на дното во Европа. Здравството беше доведено  пред колапс, бидејќи Заев и Филипче повеќе ги интересираа криминалните тендери отколку здравјето на граѓаните. здравствените работници повеќе време поминаа на улиците протестирајќи отколку на своите работни места.

— реклама —

Времето на Зоран Заев заврши, дојде крајот на поразите и срамот на кои овој човек е олицетворение. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за  обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања