Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Svetislav-Vasev

За 2/3 од годината власта е неспособна да реализира ниту една 1/3 од годишно предвидените капитални инвестиции. Власта е неспособна веќе трета година да работи и реализира проекти. Наместо патишта, имаме криминал, наместо железници, корупција, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

28% реализирани капитални инвестиции за цели 8 месеци е одлика на неработа.

— реклама —

Функционерите на власта не носат инвестиции, туку „Луј Витон“ торби полни со рекетирани милиони.

Неспособноста и неработата на Заев и неговата влада резултира со кратење на над 50 милиони евра од ставката во буџетот капитални инвестиции. Нема нови градинки, училишта, болници и гасоводи, патишта, но има за партиски вработувања и полнење на јавната администрација.

Нема нови 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта. Заев вети. Заев излажа.

— реклама —

Клиничката болница во Штип трета година не можат да ја довршат.

Клиничкиот центар во Скопје кој веќе требаше да биде во напредна фаза на реализација, е одложен.

— реклама —

Три години не изградија ниту едно ново училиште, ниту една нова градинка.

Три години Македонија стагнира. Три години економијата пропаѓа.

Време е за промени, време е за обнова на Македонија,  истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања