Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ за Ковачевски: Ова покажува за какво ниво на некултура станува збор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-sobranie

Ковачевски трет ден не се извинува за мизогините изјави кои ги упати кон пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само покажува за какво ниво на некултура станува збор. Сексизмот и шовинизмот се недозволиви за никого, а најмалку за човек кој себе се прикажува за образуван, кој врши функција премиер и тоа го изрекува во Собранието, пред кое одговара за својата работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Коментарите за нечиј изглед и навредите кои Ковачевски ги упатува се резултат на неговата нервоза, на отсуството на аргументи и неспособноста да се носи со критиката за неговата работа. Очигледно Ковачевски со напади и навреди на пратенички лекува сопствени комплекси и фрустрации.

— реклама —
— реклама —

Зачудува и индолентноста на пратеничките од СДС, но и на т.н. невладините организации кои вообичаено знаат да бидат многу гласни, а сега овој скандал го премолчеа. Тоа само говори за двојните стандарди кои владеат во СДС и меѓу одредени опшествени субјекти кои работат на тастер и по нарачки. Тоа нека им служи на чест исто како што ќе му служи на чест на Ковачевски неговото безобразно и недолично однесување во Собранието“, стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања