„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО ДПМНЕ: За три дена 77 заболени и 7 починати, а Заев брза на избори за да ублажи пораз

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mickoski

Нов црн ден во Македонија со 25 заболени од корона вирус и 3-ца починати. За три дена во Македонија бележиме црн биланс од 77 заболени и 7 починати лица. Тоа покажува дека здравствените предизвици од корона епидемијата не само што не се надминати, туку се одржуваат на загрижувачко ниво.  Заев, Филипче и СДСМ наместо да се справуваат со опасноста по здравјето и животите на граѓаните, како прв приоритет им се брзи избори за да го ублажат поразот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Недозволиво е кариерата на Заев да биде побитна од животот на макар еден човек.

Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители.

— реклама —

Македонија е во врвот по заразени на милион жители.

Македонија е земја со најмалку тестирања.

Македонија е земја која одвојува најмалку средства за справување со последиците со епидемијата.

Овие црни бројки покажуваат дека на Заев не му е битно здравјето на граѓаните, туку како да се спаси од катастрофален  пораз. Притоа не бира средства. Во сред епидемија СДСМ прават изборен поткуп, делат концесии за марихуана, прават сомнителни тендери, партиски вработуваат набавуваат шампањи, шкампи, лигњи и слично. Затоа се појави буџетска дупка од 200 милиони евра уште пред да почне епидемијата. Поважно им е да одвојуваат повеќе средства за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се.

ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања