Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Заев бара амнестија за себе и своите послушници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за Јавно Обвинителство со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце. Не ги почитуваа ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Со Законот за Јавно Обвинителство, Заев  предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда.

Со овој закон Заев сака и понатаму  да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушкуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушкуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка.

— реклама —

Затоа мнозинството во собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот. Според Уставот на Република Македонија предлагач на Закон може да биде Претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата.

— реклама —

На сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон.

По 12 Април ќе следува одговорност за се.

— реклама —

Правда мора да има. Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања