Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Заев е исплашен бидејќи ќе одговара и ќе мора да го врати украденото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Република Македонија не смее повеќе да биде заложник на криминалот и алчноста на Зоран Заев. Избори мора да има за да престане тригодишната агонија на континуирано задолжување, заминување на младите, епидемија од корупција, нула капитални инвестиции и сеопшто тонење, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Со секој изминат ден, стравот на Заев од соочување со граѓаните е се поголем затоа што знае дека не само што ќе го испратат во опозиција, ќе бараат од него и кривична одговорност и враќање на секој украден денар.

— реклама —

Аболицираниот Заев на чело со СДСМ со законот за јавно обвинителство сака да се амнестира и да продолжи селективната правда. Повеќе од јасно е дека тој е главата на октоподот. Од снимката објавена во јавноста може да се слушне како криминалецот Зоран Заев признава дека ја помагал телевизијата на Боки Јовановски кој пак е главно осомничен за „Рекет“  заедно со Катица Јанева.

Затоа Зоран Заев сака да озакони класична неправда, односно незаконски снимки да може за други да се користат како докази, но не и за него бидејќи се со понов датум.

— реклама —

На граѓаните им е јасно дека Зоран Заев е политичко минато и дека државата и правниот систем со него на чело се распаѓаа во изминативе три години. Зоран Заев мора да оди на политичкото буниште за да отпочне обнова на државата на сите полиња.

На 12-ти април СДСМ и Зоран Заев заминуваат. Зоран Заев никогаш повеќе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања