Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Заев го загрози здравјето на штипјани вадејќи на гласање болни од корона само да ја сочува фотелјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
glasanje-makedonija

Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:

— реклама —

Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци.

Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани.

Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани.

— реклама —

Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања