Глобал гореше, штетите се огромни, а на терен спасија само храбрите пожарникари, кои со натчовечки напори се справуваа со пожарот. И нивната работа ќе беше полесна, ако Заев наместо мотори за него од 30.000 евра купеше противпожарни возила за Струмица, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Во истиот ден кога беше пожарот, Заев и Филипче со пет мотори во вредност од над 150.000 евра дивееја по Беласица.
Со 150.000 евра се купуваат две противпожарни возила, и се обештетуваат 15 бизниси со по 10.000 евра.
Доколку Заев сакаше да покаже солидарност тоа можеше да го стори, но наместо за народот, Заев се расфрла со скапи и луксузни работи.
Кому му е гајле што Глобал нема противпожарен систем и хидрантска мрежа, важно Заеви имаат мотори од 150.000 евра.
И сега наместо владата да излезе и уште на прва седница да исплати обештетување за засегнатите и оштетени субјекти штетата ќе се покрива од донации. Врв на неспособност и лицемерие.