Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите мора да се извинат за своите лаги, водат хајка против Милошоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Milososki

Најкорумпираниот режим во заминување наместо да одговори на рецесијата и на понижувањата, наместо да одговори на потребите за вакцини и да мисли на отпуштените работници, упорно се обидува да се затскрие зад обидот за пласирање лажните вести.

Режимот на Зоран Заев не сфаќа дека повеќе никој не му верува. Режимот, но и самиот Заев мора да одговорат за лагите за Монструм, за лагите за Младенов, за малата Тамара, и впрочем за сите лаги за животот во Македонија пред да се обидуваат некого друг да го обвинат за актуелните состојби, се вели во Соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Богданка Кузеска.

— реклама —

Во продолжение на реакцијата од партијата додаваат:

— реклама —

Впрочем сите нивни лаги се разобличени, сите нивни прес конференции за оцрнување на личности од опозицијата се и институционално побиени. И оттука, препознаени и одбиени се нивните обиди преку вака пласирани лаги. Таков е и обидот за хајка против Антонијо Милошоски, создаден од нив единствено со цел за криење на насилник во своите редови, откриен токму од Милошоски. А насилството и до сега е разоткриено во СДСМ, од градоначалници кои тепаа жени, градоначалници кои што напаѓаа учителки, градоначалници- шверцери што пукаа по полиција, градоначалници што се закануваа и прислушуваа граѓани. Сега и денес, СДСМ крие насилник во своите собраниски клупи.

— реклама —

Затоа, пред лажно да обвинат некого, Заев и неговите од режимот мора да се извинат за своите лаги и да се повлечат од политиката, мора да ги извадат на виделина и да ги осудат насилниците од своите редови и да ја остават политиката и да го вратат Собранието на чесни луѓе со интегритет.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања