ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО ДПМНЕ: Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Zagaduvanje-2

Зоран Заев го загрозува здравјето на граѓаните. Зоран Заев и овозможува на олигархијата на власта да внесува и гори кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики. Само во февруари годинава во земјава е согорен 40.000 тони кокс. Додека граѓаните се трујат некој заработил 12.000.000 евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Зоран Заев и шефот на Царинска управа мора да одговорат кои фирми и кој им дал дозвола да го внесуваат и горат отровниот отпад од цел свет. Скопје, Битола, Струмица, Тетово, Куманово и Кавадарци тонат во отровен смог, а власта вели дека воздухот е чист.

Болниците се полнат. Загаденоста во урбаните средини во раните утринси часови кога нема фреквенција на возила е и до 15 пати над дозволеното. Отровните ПМ10 честички ги трујат граѓаните. А власта не само што не прави ништо туку и го скори најмалиот буџет за екологија до сега. Негрижата за здравјето на луѓето е евидентна. Власта се грижи само за бизнис интересот на олигарсите на власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања