Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се лице и опачина на една иста паричка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Заев и Пендаровски се олицетворение на коруптивни политики и на класичен грабеж на парите на граѓаните. Откако СДСМ и Заев дојдоа на власт, државата осиромашува, граѓаните живеат во беда, а Заев и картелот околу него се богатат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Економијата е на дното поради катастрофалните политики кои ги води владата на СДСМ.

— реклама —

Во услови кога цела Европа забележува високи стапки на раст на БДП, македонската економија стагнира.

Во недостиг на сопствени инвестиции кои што би обезбедиле нови работни места и обезбедување на подобар живот, Зоран Заев се фали и слика со странски инвестиции кои што ги донесе ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Чагатај Кабло, ВИК од Германија, Кеслер, Диатек, се инвестиции донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ додека инвестициите Теламон, Мурат Тичер, инвестицијата Дура се инвестиции со кои ВМРО-ДПМНЕ имаше преговори за нивно инвестирање во Македонија.

СДСМ и Заев докажаа дека немаат капацитет за носење на странски инвестиции, ниту пак за подобрување на условите за инвестирање на домашните фирми.

— реклама —

Граѓаните се уште немаат видено никаков бенефит од криминалниот картел предводен од Заев, а СДСМ единствено што успеаја досега да направат е да ги зголемат бизнисите на своите функционери, на сметка на граѓаните кои се повеќе осиромашуваат.

Ова е одраз на неспособноста, некадарноста и неработењето на Владата на СДСМ, Заев, Тевдовски и Анѓушев.

— реклама —

Заев ниту знае а ниту умее да ја води македонската економија затоа граѓаните на 21 април на Пендаровски и на СДСМ ќе му кажат едно големо НЕ,а тоа ќе го потврдат и на 5 мај.

Граѓаните заслужуваат претседател кои ќе води грижа и кои конечно ќе ја донесе правдината во Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања