Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски се синоним за политичари без кичма

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Zaev-i-Pendarovski

Зоран Заев и Стево Пендаровски се вистинскиот проблем за Македонија. Со нив државата две години реди само неуспеси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Заев и Пендаровски се срамат да кажат дека Македонците кои живеат во Грција зборуваат македонски јазик.

— реклама —

Заев и Пендаровски се срамат од македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“. Страв им е да се чуе дека Македонците се борат за своите правдини. Тие се синоним за политичари без кичма. Тие се класична копија на слугите од македонските народни приказни кои понизно и со наведната глава прифаќаат се.

Се што ветија Зоран Заев и Стево Пендаровски излажаа. Ги излажаа родителите на убиените кај Смилковско езеро. Додека тие плачат, убијците се шетаат на слобода. Излажаа и за Никола Младенов. Си играа со чувствата на граѓаните. Ги манипулираа граѓаните само за да дојдат на власт, не мислејќи ма последиците.

— реклама —

Заев и Пендаровски излажаа и дека во јуни ќе почнеме преговори. Сега кога веќе е очигледно дека нема да добиеме, сам Заев призна дека не му рекле дека ќе добиеме во јуни, туку дека можеби ќе добиеме. Ова е срамно и недозволиво. Премиерот призна лажел, а за тоа нема последици.

— реклама —

Лагите и криминалот мора да запрат. Македонија нема потреба од нов Зоран Заев. Македонија има потреба од чесен и искрен претседател, кој ќе работи за државата и граѓаните. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за Македонија. Правда за Македонија. Татковината повикува“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања