Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско, ние нема да учествуваме во овој процес

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro-1

Република Македонија се наоѓа пред финалниот акт на црното и срамно сценарио на Зоран Заев и СДСМ за промена на името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ ги продадоа националните и државни интереси и ги погазија Уставот, законите и волјата на македонските граѓани.

Зоран Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско и затоа насилнички и со закани и уцени врз пратеници и нивните блиски ја доведоа Република Македонија до финалниот чин за промена на Уставот со цел промена на уставното име.

За нив не важат законите, не важат демократските процеси, а ниту пак важи јасно искажаната волја на граѓаните на Република Македонија на неуспешниот референдум кога јасно порачаа дека се против промената на името на државата.

— реклама —

Две години ништо немаат сработено и единствено се фокусирани како да го променат името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата.

За таа цел Заев во своја служба ги стави Кацарска Судството, Русковска обвинителството и СЈО и преку нивните механизми на криминален начин преку механизми уценува пратеници за да гласаат и да го исполнат неговиот црн план за погребување на Република Македонија“, велат од партијата.

Исто така тие додаваат дека целата македонска јавност е свесна оти селективното помирување и селективните промени на Кривичниот Законик беа единствено за исполнување на црното сценарио на аболицираниот Зоран Заев.

— реклама —

„Европска Македонија не се станува со погазување на демократијата и волјата на граѓаните. Заканите, уцените врз пратеници и неистомисленици не се европски вредности исто како што европски вредности не се ниту механизмите на партиските Кацарска судство и Русковска обвинителство.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во овој црн процес ниту има намера да му даде легитимитет за промената на Уставот и погазувањето на македонското достоинство и бришење на македонскиот идентитет кој нема поддршка и легимитет од граѓаните на Република Македонија.

— реклама —

Северна Република Македонија можеби е на Заев, а за ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остане Република Македонија онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година.

Македонија мора да престане да губи, во економијата, во бизнисот, во индустријата, образованието, земјоделието. На планот на државните и стратешки интереси и цели. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на Република Македонија“, се наведува во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања