Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Спасовски свесно сакаа да ги забранат протестите и револтот против нивните антидржавни политики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Измамникот Заев ја лаже јавноста дека сакал да го ограничи основното уставно загарантирано човеково право на собирање и протест со закон кој наводно не го прочитал.  Заев и Спасовски свесно сакаа да ги забранат протестите и револтот против нивните антидржавни политики.  Двајцата земаат астрономски плати за да ги читаат законските решенија што ги предлагаат. Во спротивно чесно ќе беше да се повлечат, да престанат да ги лажат и крадат граѓаните и да остават државата да ја води некој што ќе го прочита тоа што го предлага, се вели во реакција од ВМРО ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев за Радио Слободна Европа.

— реклама —

Дали Заев ќе се вади дека не го прочитал и катастрофалното решение за прогресивен данок со кое беше намесена милионска штета на бизнисот?

— реклама —

Дали Заев не го прочитал и законот за марихуана за кој му беше поважно да стави европско знаменце додека Македонија се бореше за датум?

— реклама —

Дали Заев ги чита задолжувањата тешки стотици милиони евра со кои што ја заглавува Македонија?

— реклама —

Како е можно Заев да нема време да чита закони, а да има време со адвокатката на Катица Јанева да се информира за случајот и да ја координира одбраната ?

Едно е јасно, Заев не го интересира Македонија и иднината на нејзините граѓани. Заев го интересира личното богатење и заштитата на криминалот.

Затоа и Пендаровски вели дека би се иселил, доколку не би бил претседател.

После 12 април нема да се ограничува правото на јавни собири, предлог законите ќе се читаат, а Македонија ќе стартува со обновата, додаваат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања