Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Владата три години ги игнорираат барањата на глувите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев и СДСМ не покажаа грижа за глувонемите лица. Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувите. Додатокот за  глувонеми лица, воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ не беше зголемен, а толкувачите на знаковиот јазик исто така често се оставаат без примања.Игнорантниот однос на оваа власт кон глувонемите  ги револтира и маргинализира, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Водени од начелото на еднаквост гарантирано и со Уставот на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа барањата на глувонемите и во програмата за предвремените парламентарни работи ќе предвиди, а по избори новата влада ќе реализира:

— реклама —

-Покачување на додатокот за глувонеми лица од 4000 на 6000 денари, односно негово покачување за 50%.

-Измени во Законот за знаковен јазик со кои ќе се префрлат сите толкувачи под Министерството за правда, воведување на сервисни центри кои ќе им обезбедат толкувачи за глувите лица за сите нивни потреби, организирање на редовни обуки за изуување на знаковен јазик, како што е предвидено заради остручување на доволен број на толкувачи кои ќе можат да ги опслужуваат глувите лица, предвидување на буџет за ангажирање на толкувачи во судовите, обвинителствата и МВР.

— реклама —

Глувонемите заслужуваат третман кој нема да дозволи да се чувствуваат маргинализирани. ВМРО-ДПМНЕ во идната програма ќе има мерки и проекти за сите категории граѓани. По 12 април следува обнова, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања