Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја посрамоти државата најгрозоморниот настан во историјата, Холокаустот - го нарече - традиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел. Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото - Холокаустот - еврејска традиција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам.

Заев по втор пат ги наруши односите она Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот премиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран.

— реклама —

Заев е човек кој ја руши репутацијата на Република Македонија кога и каде стигне.

Зоран Заев ги нарушува односите со нашите стратешки партнери и го загрозува угледот на земјата.

Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претстојните претседателски и гласање за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори и крај на владата на Зоран Заев и СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања