Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
120190420_222336

Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија е загубена држава.Зоран Заев ја претвори државата во дувло на криминал, корупција, рекет, поткуп, закани, уцени и пресметки со политички неистомисленици.

Скоро еден месец македонската јавност е сведок на најголемиот скандал со рекетирање на бизнисмени, а Заев не презема никаква одговорност, туку го штити криминалот.Четири недели нема проширување на истрагата, иако цела јавност слушна дека Заев бил информиран што прават Боки Тредичи, Зоки Милевски  и Катица Јанева, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Никој не верува во приказната дека Боки Тредичи е толку моќен за да може да тропне на било која врата и да бара рекет од милиони евра, а претходно да не добие одобрение и поддршка од Зоран Заев.Јавно прашуваме до кога криминалната власт во коалиција со Русковска обвинителството ќе се обидуваат да ја замајуваат јавноста и да го прикриваат целиот случај?

— реклама —

Дали Русковска мисли дека со одолговлекување ќе успее да ги амнестира од одговорност за сторениот криминал, а со тоа ќе го спаси и Зоран Заев?

— реклама —

Дали се точни информациите од страна на медиумите дека на Зоран Милевски Кичеец кој е осомничен за рекетирање му е доделен статус на заштитен сведок од страна на СЈО?

СДСМ и Заев ја ставија државата во служба на мафијата. Целата домашна и меѓународна јавност повикува на одговорност и прави притисок за целосно расчистување на случајот Рекет.

Јавното обвинителство мора да работи во служба на законите и Уставот  а не во служба на криминалот на аболицираниот Заев и неговата влада.

Јавното обвинителство мора да се ослободи од канџите на криминалната влада на СДСМ и веднаш да донесе одлука за припишување на истрагата и притвори бидејќи постои опасност од уништување на доказите, влијание врз сведоци или бегство.

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавно обвинителство кое ќе биде непристрасно, професионално, независно и отпорно на политичките влијанија и уцени од страна на СДСМ и Заоран Заев.Ова мора да престане. Потребна е обнова на Македонија а тоа е можно само доколку Зоран Заев и СДСМ заминат час поскоро.

Време е граѓаните да си ја вратат државата. Да ставиме крај на криминалот, корупцијата и скандалите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања