Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски не можат да постапуваат по наредби на осомничената Јанева. Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор. Дали доколку Јанева нареди приведување на Русковска од затвор Јовевски ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд!? Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Катица Јанева.Со Јанева како официјален носител на функција од притвор и се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејствија со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец.

— реклама —

Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко правна природа.Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејствие, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието.Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.

— реклама —

Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања