Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО ДПМНЕ: Заев му дал 20 дена на Боки 13 за да ги отстрани доказите кои водат до главата на октоподот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Зоран Заев стои зад случајот „Рекет“. Затоа сега се обидува да ја дефокусира јавноста. Боки 13 пред суд кажа дека Заев знаел за криминалот и му укажал уште на 3 април. Дури на 22 април, Заев наводно, го пријавил случајот во обвинителството, што говори дека 20 дена се обидувал да го изменаџира скандалот за кој постојат сериозни индиции дека е лично длабоко поврзан. Тоа е класично прикривање на криминал и соучесништво во истиот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Молкот на Заев цели 20 дена говори дека тој всушност е капо ди тути капи на целата операција која се спроведувала.

— реклама —

Аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој сите го видоа како бара евро за Вицето, очигледно не го променил својот карактер. Како што нарачува „трас трас”, така си нарачува алиби истраги кај Русковска обвинителството.

— реклама —

Заев 20 дена ги искористил да се обиде да го забошоти случајот, а штетата да ја локализира на двајца-тројца обвинети за кои ќе се договори казна. Ова била операцијата на Заев за спасување на својата глава од овој скандал. Овие 20 дена биле денови на спасување на главата на октопод.

За таквите криминали наскоро доаѓа судот на народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

 

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања