„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО ДПМНЕ: Заев на лидерската средба дојде неподготвен, исклучиво спремен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
liderska-sredba

Зоран Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните. Неговите позиции и лицитација со датуми не беа прифатени од ниту еден учесник на лидерската средба. Заев дојде неподготвен, исклучиво спремен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните, истакна на брифингот во ВМРО ДПМНЕ портпаролот Димче Арсовски.

— реклама —

Арсовски на брифингот потенцираше како што кажа неколку невистини искажани од Заев и Спасовски по одржаната лидерска средба:

1. Не е точна изјавата на Заев дека "изборите се прогласени" . Изборите не може да се прогласени, кога договор за датум нема, а датумот пред се зависи од три фактори:оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, мислење од ДИК за превземање на дејствија и подготовка за избори, како и обезбедување на набљудувачи на изборите од ОБСЕ и ОДИХР кои ќе обезбедат целосно покривање и мониторинг на мисијата.

— реклама —

2. Целосно е невистинито тврдењето на Заев и Спасовски дека изборните дејствија продолжувааг онаму каде застанаа последниот пат по прогласување на вонредната состојба. Ова не може да е така поради фактот што и двајцата се согласија дека ДИК треба да даде своја проценка за потребното време за подготовка на изборите под услов да има зелено светло од комисијата за заразни болести дека има услови за непречена кампања и објективно потребното време на ДИК за прочистување на избирачкиот список, организирање на самите изборни дејствија и условите кои треба да се обезбедат. Тој рок е минимум шеесетина дена од денот на распишувањето на изборите

3. Трета невистина од Заев е таа дека укинувањето на вонредната состојба ќе значи и веднаш почеток на изборен период. Тоа не може да се толкува на тој начин, и преставува противправно толкување на изборниот законик. Забележително е незрелото однесување на Зоран Заев како и бесчуствителноста кон заштитата на здравјето на граѓаните. За Заев лидерската средба се претвори во политиканство, и во борба за помал пораз, а не и во суштина. Добро е што е прифатен планот на Мицкоски во 4 точки со што ќе се гарантира здравјето на граѓаните. Уште подобро ќе биде Заев на ова да пристапи сериозно и зрело, наместо калкулантски во обид да спаси нешто од последните денови на својата кариера. Ова не е борба за потесен пораз на Заев туку борба за заштита на здравјето на граѓаните. Нокаутот од народот за Заев на изборите не му бега, кога и тие да се случат, но сега е најважно здравјето на граѓаните, истакна Арсовски на брифингот во ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања