Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО ДПМНЕ: Заев наместо за здравјето на граѓаните се  грижи за профитот  на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфури и обоен текстил

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zagaduvanje

Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се  грижи за профитот  на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики. Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички е и до 15 пати над дозволеното, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Тетово и Кавадарци тонат во загаден воздух, а граѓаните ги полнат болниците.

— реклама —

Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:

— реклама —

  1. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух нормализира;
  2. Инспекциски надзор и затворање на погоните кои загадуваат;
  3. Ослободување од работа на луѓе над 60 години, хронично болни и трудници.

Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов веднаш да ги прифатат. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до тука. Потребно е итно делување.

Суштински мерки и проекти за справување со загадувањето ќе има по 12 април, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ  ќе се зафати со систематско решавање на проблемот со загадувањето,  се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања