Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
56600975_2600181363328646_1511604063265882112_n

Зоран Заев и Стево Пендаровски се 102.5% исти. Заев призна дека лажел кога ветувал почеток на преговори со ЕУ во јуни. Заев не може да спроведе реформи, ист е и Пендаровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија не може да се придвижи ни милиметар кон ЕУ, се додека власта наместо да работи и прави реформи, тргува со националните и државните интереси.

— реклама —

Лично Зоран Заев призна дека цела година ги лаже граѓаните. Почеток на  преговори со ЕУ во јуни може и да нема. Ова го кажа лично Зоран Заев, политичарот кој ветуваше дека веднаш по промената на името Република Македонија ќе се придвижи на својот пат кон ЕУ.

Правилата на ЕУ се јасни. Првин реформи, па тогаш преговори. ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозна загриженост, дека реформи со оваа влас не се можни.

— реклама —

СДСМ го политизираше судството и ја партизираше администрацијата. Економијата тоне, а тоа го потврдија и  германските стопанственици. Република Македонија е единствена земја во Европа, каде има политички Република Македонија за жал е далеку од реформи. Напредок со СДСМ не е можен. Напредок со Зоран Заев и Стево Пендаровски е невозможен. Пендаровски исто како и Заев само ќе ја уништува државата.

Република Македонија има потреба од чесен, работен и честит човек за претседател. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања