Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Заев по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Лицемерието на Зоран Заев и СДСМ нема крај. Денеска по којзнае кој пат на вработените во Еурокомпозит во Прилеп им ветија дека ќе им го решат проблемот со заостанатите долгови на фирмата. Вработените во Еурокомпозит две години се лажат од власта дека само што не се решени нивните проблеми, а решението никако да го најдат. На владата ќе им заврши мандатот, а нема да успеат да најдат никакво решение ниту за Еурокомпозит ниту за било која друга фирма што има проблеми поради погрешните економски политики, се вели Соопштение до јавноста - реакција на соопштението на Владата на Република Македонија од посетата на Зоран Заев и Кочо Анѓушев на Еурокомпозит во Прилеп.

— реклама —

Прилепчани на жртви на лажните ветувања на СДСМ. Ниту една нова инвестиција не е отворена, а веќе постоечките се уништуваат. Овие ветувања на Заев и СДСМ веќе не поминуваат кај граѓаните кои се уверија во неспособноста на оваа власт да ја води економијата. По негативната оцена која ја доби од сите германски инвеститори владата на СДСМ очајно се обидува во јавноста да се прикаже дека нешто работи.

Ниту Зоран Заев ниту Кочо Анѓушев не успеаа да направат нешто за македонската економија кој секојдневно тоне, а граѓаните стануваат се посиромашни. Оваа влада предводена од СДСМ мисли само како да си намести тендери за фирмите на своите функционери.

— реклама —

СДСМ на следните избори ќе го добијат одговорот од граѓаните за нивните погубни политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања