Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО ДПМНЕ: Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Заев треба да се одмори и тоа по можност на подолго време. Барем додека Македонија не застане на нозе. Заев треба да ги одмори граѓаните и Република Македонија од него. 500.000 граѓани кои живеат на прагот на сиромаштија, земјоделците кои го фрлија произведеното на буниште, изрекетираните бизнисмени, луѓето кои неможат да најдат лекови во аптеките и граѓаните кои се плашат за својата безбедност поради се поголемата стапка на криминалитет посакуваат одморот на Заев да му биде на неопределено време и истиот да не се врати на позицијата премиер, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Додека Заев си се вози на својот луксузен мотор се повеќе млади ја напуштаат државата и трајно се иселуваат.

— реклама —

Според податоците на германската амбасада истата годишно издава околу 20.000 работни визи. Слични бројки имаме и од другите развиени држави. Тоа се главно млади луѓе кои не гледаат перспектива во Македонија.

— реклама —

Младите кои беа лажени од Заев, сега се најголема жртва на неговата неспосбност.

Апатијата владее во целата економија. Граѓаните имаат се помалку пари, а Заев и министрите се шетаат и луксузираат во соседството, Дубаи и Западна Европа.

— реклама —

Додека државата плаќа возила и обезбедување да го следат Заев во неговите лудории, земјоделците од Преспа ја фрлаат јаболката на буниште. Како премиер наместо да трошеше и да се расфрлаше на луксуз со државни пари можеше да го откупи производството на јаболкарите, кои очајно сечат дрвја и се откажуваат од за нив единствениот извор на егзистенција.

— реклама —

Граѓаните не гледаат излез од кризата во која не втурна Заев. Најмалку од се излезот од хаосот може да биде самиот Заев. Тој е причината на проблемот и мора да си оди. Колку побргу, толку подобро, , се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања