Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе што се спротиставиле на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Заевизмот на Република Македонија и граѓаните им донесе губење на националното достоинство, сиромаштија и криминал на дневна основа.  Црнилата на  криминалниот картел на СДСМ направија  хаос во државата, создадоа поделби, а животот на граѓаните од ден на ден го направија се потежок, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Власта која ветуваше правда за секого, во реалноста донесе неправда. Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев. Заевизмот ги зароби институците и донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо и чиј единствен грев е што се спротиставиле на Заев, додека луѓе кои се бореа за ИСИС и масакрирале стотици  добија само 6 години затвор.

Неправдите, лагите и понижувањата на СДСМ и Заев допреа до секој еден граѓанин.

— реклама —

Ветуваа подобар стандард и бизнис клима, но ништо од тоа се нема случено. Економијата убедливо ја забетонираа на дното на Европа и ги покачија даноците за да може да си договараат матни тендери во 4 очи на грбот на граѓаните на Република Македонија.

Ветувањата за повисоки плати и пензии станаа мртво слово на хартија, земјоделците се понижени, а наместо подобро здравство донесоа здравство во кое ни се случуваат епидемии,  умираат луѓе и се носат црни тендери.

Наместо да го остварат ветувањето дека ќе ги вратат младите назад, СДСМ го забрзаа иселувањето и направија егзодус на кадри. Откако е СДСМ на власт забрзано расте сиромаштијата кај младите и единствено што размислуваат е како побрзо да ја напуштат државата.

Заевизмот ја влече Македонија на дното, неправдите, криминалот и сиромаштијата станаа секојдневие. На граѓаните на Република Македонија потребни им се промени и сигурна иднина за нив и за нивните деца.

Токму затоа неопходно е да излеземе сите заедно и да го поразиме Заевизмот. Победа на претседателските избори ќе значи предвремени парламентарни, а тоа ќе донесе крај на оваа црна власт на Заев и подобро утре за Република Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања