Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ВМРО-ДПМНЕ: Зборот за СДСМ не важи, туку лажи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Целата  јавност слуша како лица од врвот на СДСМ блиски до Зоран Заев вршат рекет врз компании и бизнисмени низ Македонија уценувајќи ги за огромни суми на пари, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително на тоа СДСМ ги покачи даноците и акцизата на нафтата со што сериозно удрија врз грбот на компаниите и ги зголемија нивните трошоци, а тоа пак резултираше со покачување на цените и осиромашување на граѓаните.

— реклама —

Единствени компании кои имаат корист од оваа криминална власт се фирмите на семејството на Заев и врхушката околу него во власта.   Откако е СДСМ на власт Заеви  ги шират бизнисите со марихуана, камионите им возат за РЕК, а ги имаат и „Герас Цунев“ и „Цареви кули“, додека пак тендерите и грантовите ги добиваат фирмите на вицепремиерот Анѓушев и останатите функционери блиски до Заев.

— реклама —

За тоа колку СДСМ се грижи за компаниите говори и фактот што бројот на бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година, а власта во изминативе две години има најниско ниво на реализација на капитални инвестиции што значи помалку работа за компаниите.

— реклама —

Неспособноста на власта ја потврдија и над 200 германски инвеститори кои дадоа нула оценка на работата на владата предводена од СДСМ во полето на економијата.

Зборот за СДСМ не важи, туку лажи. Оваа криминална власт предводена од аболицираниот Зоран Заев работи само за лична корист врз грбот на стопанството и граѓаните. СДСМ мора да си заминат за стопанството и економијата да одат напред“, се вели во соопштението.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања