Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците две години по ред си го фрлаат произведеното затоа што нема откуп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
56215546_1000119713514941_4677042802058592256_n

Зоран Заев и СДСМ се вистинска катастрофа за земјоделието. Ништо од ветувањата за сигурен пласман и високи откупни цени дадени за време на изборите во 2016 година, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Земјоделците веќе две години по ред си го фрлаат произведеното на буниште, затоа што нема никаков откуп.

— реклама —

Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и Малешевско го фрлаа својот род на буниште, затоа што килограм слива се продаваше по цена од катастрофално ниски 2 денари.

Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат по цена од само 50 денари.

— реклама —

Производителите на бостан, патлиџан, зелка и пиперка во струмичкиот регион го фрлаат родот во каналите. Затоа што извоз немаше.

— реклама —

Оризопроизводителите во кочанско немаат откуп, а оризот им скапува во амбарите.

Нема подрачје во државата каде земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека  откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тепа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема.

— реклама —

Земјоделието во изминативе години е ставено на страна. Селата низ државата забрзано се празнат, а се повеќе ниви остануваат необработени.

Потребна е метла која ќе го измете Заев и неговите кадровски  решенија низ институциите. Потребна е промена на власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања