Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделците се помалку се во можност да ги обработуваат своите ниви и едвај преживаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

За тоа колку СДСМ се грижи за земјоделието говори фактот што откако се на власт Македонија има пад во земјоделскиот сектор. ДЗС потврди дека земјава во 2018 година споредено со 2017 година бележи пад од 5% во земјоделието, а во 2017 година во однос на 2016 година од 13,5%, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Исто така податоците на ДЗС говорат и дека извозот во 2018 година споредено со 2017 година е намален за 3,7%, а увозот зголемен за 1,1%.

Податоците на ДЗС потврдуваат дека откако е СДСМ на власт земјоделците се помалку се во можност да ги обработуваат своите ниви и едвај преживаат, а државата станува увозно зависна.

— реклама —

Тоа е резултат на негрижата на СДСМ за земјоделието. Ветувањата за загарантиран откуп, пласман и нови пазари останаа само мртво слово на хартија.

Земјоделските производи наместо на пазарите завршуваат на буниште. СДСМ направи пустош во македонското земјоделие, го потцени трудот на земјоделците и го погази нивното достоинство. Земјоделците заслужуваат подобро, токму затоа потребно е СДСМ веднаш да си замине, велат од ВМРО ДПМНЕ.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања