Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

ВМРО ДПМНЕ: Земјоделците станаа колатерална штета на неспособноста на оваа власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zemjodelci

Земјоделците станаа колатерална штета на неспособноста на оваа власт. Тие како и сите граѓани во Република Македонија станаа жртви на Заевизмот, на лагите и манипулациите, на неправдата и неисполнетите ветувања. Овие луѓе кои со пот и мака го заработуваат лебот станаа жртви на системот кој урнисува се пред себе, наречен Заевизам, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Заев од позиција на опозиција ветуваше брда и долина за земјоделците, ветуваше зелена нафта, ветуваше сигурен откуп. Сега заборави на сите свои ветувања и целосно го девастираше земјоделието.

— реклама —

Последни жртви на Заевизмот се оризарите кои се соочуваат со катастрофален откуп на оризот. Амбарите се полни, земјоделците немаат каде да ги продадат производите од ланската година, а веќе ги подготвуваат нивите за нова реколта.

Оваа култура како и сите други култури се соочува со катстрофален откуп. Власта ветуваше загарантиран откуп и повисоки цени, а наместо тоа го клекна земјоделството на колена. Покрај оризарите веќе две години проблем со откупот имаат и производителите на праски, јаболка , а пад во производство има буквално кај сите земјоделски производи.

— реклама —

Додека министерот за земјоделство Љупчо Николовски се шета по елитни дестинации и се фали со скапата гардероба, земјоделците се борат за тешко заработеното парче леб. На црнилата и Заевизмот мора да им се стави крај.

Неправдата нема да победи, Зоран Заев набрзо заминува во историјата како најнеспособниот премиер. Ќе победи правото и правдината, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања